Владимиров: Бугарското вето е руска хибридна операција

Потпретседателот на Бугарско-македонскиот бизнис клуб Владимир Владимиров смета дека ветото од официјална Софија за македонските преговори со ЕУ е руска хибридна операција.



Тој смета дека не треба да се брза со трајно решение на историските спорови, оти на Бугарија никој од соседите не и ја постави историјата како услов за влез во ЕУ.

Бугарија мора да го укине ветото и да ги покани Европската комисија, германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон да станат гарант за бугарските барања, вели Владимир Владимиров, потпретседател на Бугарско-македонскиот бизнис клуб.

Тој во интервју за Дојче Веле вели дека не очекува до крајот на јуни да се тргне бугарското вето за евроинтеграциите, но смета дека ќе има напредок до крајот на годината.

Потенцирајќи дека бугарското вето е руска хибридна операција спроведена преку Бугарија, тој во интервју за Дојче Веле порачува дека секој оној којшто работи за интеграцијата на Западен Балкан и особено на Македонија во ЕУ е бугарски и европски патриот.

Целото интервју со Владимиров на Дојче Веле