Владика на МПЦ-ОА за бугарската агресија: Беа фашистички окупатори, стануваат администратори

Членот на светиот синод на МПЦ-ОА владиката европски Пимен со свој став за бугарската агресија и барања кон Македонија.



,,Мешање во јазик, во образование, менување табли на историски споменици, мешање во устав, издавање пасоши, одлучување на наша иднина…
Во втора светска војна биле окупатори што е нопобитен факт во светската историја, но денес, за жал, навистина стануваат наши администратори.
Тоа што не успеале со оружје, успеваат со вето.
Ако е и од ЕУ, многу е”, пишува Пимен во невообичаената емотивна реакција на член на САС на МПЦ-ОА одговорен за Европската епархија.