„Не треба да се бега од гласањето, но по секоја цена треба да се почитуваат мерките за претпазливост. Истото го велев и за празникот Задушница кога на верниците им беше забрането да одат на гробишта, но тоа е веќе минато време и не можеме да го промениме. Сега зборуваме за изборите и тие треба да се случат. Ако не излезат луѓето на гласање, тогаш изборите нема да бидат легитимни“, изјави за „Плусинфо“ митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар.
Митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј, порачува дека секој поединечно треба да одлучи во однос на изборите:
„Јас не се мешам во политика. Секоја личност поединечно нека си одлучи дали да излезе на гласање или да си остане дома. Доволно си имаме работа во црквите и ние си ја гледаме нашата нива“ , порача г. Тимотеј преку Плусинфо.






