Владеачката партија на Бабиш во Чешка поразена на изборите

Андреј Бабиш

Чешкиот премиер Андреј Бабиш и неговата партија АНО изненадувачки ги загубија изборите, и покрај прелиминарните резултати.



Две опозициски коалиции освоија парламентарно мнозинство, објави „Индипендент“.

Централно-десничарскиот сојуз Сполу (Заедно), предводен од Питер Фијала, составен од Граќанските-демократите, Демохристијаните и Топ 09, води пред досегашната владејачката партија.

Сполу освои 27,68% од гласовите и АНО 27,24%.

Чешката пиратска партија освои 15,5% од гласовите што значи дека двете коалиции би можеле да обезбедат мало мнозинство од 108 од 200 места во во парламентот.

Лидерот на Пиратската партија Иван Бартош рече дека разговорите за формирање влада со Сполу ќе започнат веднаш.

Андреј Бабиш