Железната ограда околу Владата за која СДСМ најави дека ќе ја тргне веднаш штом дојде на власта ќе биде отстранета.
Одлуката за нејзино отстранување, како што соопштува владината прес-служба, е донесена на денешната седница на Владата.
Според Владата е да се ослободи целосно јавниот простор околу Владата за да биде достапен за користење од страна на граѓаните.
Што ќе се прави со оградата владиниот Пи Ар не дава објаснување.
Досега нема случај во светот некоја влада да заседава за ограда.





