Иако прекршија закони и Устав, не го почитуваат референдумот на кој граѓаните се изјаснија против промена на името, направија криминал и потрошија милиони на промоција на новото, од народот неприфатено име, владини министри пред избори промовираат пропагандни содржини во кои не се користи зборот Северна туку само Македонија.

Министерката и висок функционер на СДСМ Мила Царовска промовира видео во кое се споменува Македонија а не се користи Северна и со тоа на Грција и дава алиби да стави ново вето на патот кон ЕУ.
“📱Дигиталниот материјал за учење ќе биде само уште една алатка повеќе за успешно изучување на македонскиот јазик. Целта е во четврто одделение, учениците 👫 да го совладаат читањето со разбирање, но и убаво и естетски да се изразуваат и да творат ✍️, објаснува авторката на првиот дигитален учебник по македонски јазик, проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ.
👉Делчева-Диздаревиќ, вели дека граматичкиот дел од јазикот ќе се изучува преку интерактивни квизови, а за првпат посебен акцент во материјалот се дава и на медиумската култура и писменост”, пишува Царовска најавувајќи го официјалното владино видео подготвено од нејзиното министерство за образование и наука.






