Владата во неочекуван напад кон ЕУ: Брисел виновен за вакционализам и за парите за Македонија

Драматична промена на односот на македонската влада кон Европската унија.



Првиот вицепремиер Артан Груби денеска ја обвини ЕУ дека е виновна за парите што Македонија не ги доби од солидарниот фонд од ЕУ а кои покрај 17 земји членки ги добија Србија, Албанија и Црна Гора.

Груби вели дека е разочаран од Европската унија при што ја обвини за “вакционализам” односно за себичност при распределбата на вакцините вонкоја настрадале малите земји.

Според вицепремиерот ЕУ мисли само на побогатите и поголемите земји а малите како Македонија се турнати настрана.

Владата се насанкала но не грешела што верувала дека ќе добие вакцини од ЕУ, порача денеска во Собранието вицепремиерот Груби кој учествуваше на седницата на собраниската комисија за односи меѓу заедниците.

Ова е прв директен напад на највисок владин претставник кон ЕУ од доаѓањето на власт на коалицијата СДСМ – ДУИ а доаѓа откако вчера Македонија стана единствена земја која имала право но не доби пари од Солидарниот фонд за помош во Ковид-19 кризата.