Владата влезе во законска замка, ќе пропадне грчки договор на Ковачевски

Владата влезе во законска замка за проектот Чебрен – Галиште – Тиквеш кој треба да го добие грчки фактор.



Ако не се донесе нов закон со кој ќе се смени должината на концесијата за грчката компанија која победи на меѓународен тендер, ќе пропадне грчкиот договор на Ковачевски.

Професорот Дејан Трајковски од битолскиот универзитет УКЛО кој е еден од најакивните противници за продажба на националното богатство објавува член од закон кој ќе го спречи Ковачевски да ја даде хидроцентралата Тиквеш на грчките партнери.

,,Досега ЕСМ и владата можеа да прават што сакаат. Меѓутоа, за концесија на 60 години, ќе мора парламентот да донесе нов закон.

Чесни пратеници на владеачките партии и на опозицијата, вие сте на потег. Само вие можете да го спречите донесувањето на таков закон и да го стопирате раскрчмувањето на ПАХЕ “Чебрен”.

Очите на целата јавност се завртени кон вас и чекаат спас. Доколку езерото Чебрен го стопанисува грчката компанија наместо нашата држава, следните 60 години нема да можеже од него да црпиме вода за наводнување на долна Пелагонија”, пишува Трајковски.

Владата веќе најави дека како македонска инвестиција за 33 проценти од проектот се дава ХЕЦ Тиквеш што според експертите е голема стратешка и бизнис грешка.