Ако ни го сменат нашиот кадар ја напуштаме владата тврдат структури во Алијанса за Албанците од скопското крило кои тврдат дека контролираат двајца пратеници и можат да ја урнат владата.
Според нив владата сега виси на конец заради тоа што премиерот сакал да го смени Ајдини Ајдин осуден криминалец за трговија со мигранти поставен за директор за кој минатата недела беше објавено дека лежел затвор по што сега е избран за директор на владината агенција за претприемаштво.
Според владини извори по избивање на скандалот премиерот Ковачевски сакал да го смени директорот криминалец но не смеел поради страв дека цела Алијанса за Албанците или нејзини пратеници може да ја напуштат владината коалиција.
Извори во алијанса тврдат дека цели седум дена се водат преговори меѓу луѓето кои стојат зад осудениот криминалец директор и луѓето на Ковачевски со цел да се најде соодветно место за Ајдини но засега нема решение затоа што тој со одлежаната казна затвор не може да биде вработен никаде во државни јасли.
Со тоа Ковачевски е ставен во невозможна ситуација во владата да држи функционер кој бил осуден или да го избрка и да ризикува пад на владата.
Држење на криминалец за владин директор е кривично дело.
Кој е криминалецот директор кој е екс инспектор во МВР






