Владата троши коруптивно наместо да прави резови во своите набавки, не гони неплаќачи на даноци и амнестира уништувачи на буџетот, анализира финансискиот експерт и екс гувернерка на Народната банка на Македонија, Маја Кадиевска Војновиќ во најновата анализа на pari.com.mk.
,,Додека фокусот на јавноста е болната инфлација и намалениот животен стандард, Владата тивко ама сигурно не носи во пропаст со силното темпо на задолжување како на меѓународен, така и на домашен пазар. Јавниот долг на крајот од јуни 2023 година (последен објавен податок) достигна 8,3 милијарди евра, додека само државниот долг дојде до нивото од 7,3 милијарди евра.
Но, она што е сигурно, државниот долг забрзано расте и тоа на домашениот пазар на државни хартии од вредност (ДХВ). А само за потсетување, Владата годинава веќе издаде четиригодишна еврообврзица од 500 милиони евра со купонска камата од 6,96% за отплата на еврообврзницата издадена во 2016 година во износ од 450 милиони евра со купонска камата од 5,62%. Рефинансирањето беше поскапо и ќе биде скапо.
Во наредните години, односно од 2025-2028 година достасува за исплата пазарен надворешен долг од вкупно 2,4 милијарди евра, износ на издадените еврообврзници на оваа Влада. Ова значи или скапо рефинансирање, во услови кога каматните стапки растат и ќе бидат најверојатно на високо ниво одреден период, или силна фискална консолидација, која значи резови во Буџетот на трошењата и собирање на повеќе приходи. Владата не се одлучи за резови во своите трошења, напротив си троши нерационално и коруптивно, ама затоа се реши да го зголеми ДДВ на 1.600 призводи и да воведе данок на солидарност за успешните фирми. Никако да се реши да ги гони неплаќачите на даноци, неплаќачите на сметки за струја итн, но се реши да ги амнестира сите кои го уништија државниот Буџет”, пишува Кадиевска – Војновиќ во анализата која цела можете да ја прочитате на овој ЛИНК.






