Владата собра само 36 милиони евра од планираните 80 од солидарен данок

36 милиони евра до денеска се собрани во државната каса по основ на солидарен данок . Според информациите од УЈП давачката ја платиле 98 компании , а меѓу оние кои не платиле има и јавни претпријатија . Владата планираше да наплати 80 милиони евра со солидарниот данок кои требаше да ги пренамени за антикризни мерки, но очигледно потфрли во планираното.
Премиерот Димитар Ковачевски на 3 февруари кога се подготвуваше законот за еднократната давачка, соопшти дека данокот ќе опфати 200 компании, за тие да се намалат на 150, од кои заклучно со денеска, данокот го платиле 98.
Законот за данок на солидарност беше донесен од Собранието на 19 септември и ги опфаќа компаниите кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 10 милиони евра и профит поголем за 20 отсто од просекот во претходните три години и тој износ се оданочува со стапка од 30 отсто. Стопанската комора го оспори законот пред Уставен .