Владата побарала смена на директорот криминалец кадар на Таравари но молчи за скандалот

Владата побарала смена на директорот криминалец кадар на Таравари но молчи за скандалот во кој осуден криминалец бил именуван за директор на државна институција.



Владини извори реагираат на информацијата дека Ковачевски не може да го смени директорот кој бил назначен иако имал криминално досие.

Изворите тврдат дека на владина седница веќе бил донесен заклучок да се повлече препораката за именување на Ајдини Ајдин за директор на Агенцијата за претприемништво но дека немаат информации зошто Владата и управниот одбор на Агенцијата не излегуваат во јавност со променетиот став за директорот.

Владата досега не објавила никаква официјална информација која предизвика критики и меѓу западни дипломати во Скопје.

Изворите во ДУИ кои ја лиферуваа првично информацијата за Ајдин велат дека ако Ковачевски не го сменел директорот криминалец на Таравари можело да дојде до криза во владата затао што ДУИ не може да биде дел од вчада во која има криминалци.

Пирова победа за Таравари, Ковачевски не смее да смени владин директор осуден криминалец од Алијанса за Албанците