Владата повторно се задолжи, овој пат за 14,6 милиони евра. Министерството за финансии објави аукција на државни хартии од вредност, издадени се 12-месечни државни записи без девизна клаузула, но со ниска каматна стапка од 0,5%.
Ова е 4-то задолжување од почетокот на годинава и второ во февруари, јавува „Алфа“.
Во двата месеци, Владата се задолжи за вкупно 97 милиони евра, а врати неполни 44 милиони евра.
Овие задолжувања и раздолжувања се предвидени со буџетот за годинава. Министерството планира нето задолжувањето на домашниот пазар да достигне 200 милиони евра.
Најновите податоци покажуваат дека јавниот долг се зголеми и достигна 48.9% од БДП.




