Владата се уплаши, го повлекува законот за јавни собири

Откако на социјалните мрежи започна иницијатива за големи протести против рестриктивни закон за протести СДСМ и ДУИ одлучија да се откажат од обидот практично да забранат протести на граѓаните.



“Владата на Република Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог-измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација”, пишува во реакцијата на владата која смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот.

Владата не открива кои невладини организации реагирале на предлог законот што остава простор за сомнеж дека немало реакции од невладиниот сектор туку дека предлогот на владата е урнат од социјалните мрежи.