Профилот на портпаролот на Владата на Твитер објаснува дека немало грешка и гаф со логото во чест на 30 години од македонската државност затоа што во логото не се користело државното знаме туку нешто друго.
“#МК30 логото за јубилејот „30 години независност“ е составено од повеќе елементи, меѓу кои и сонцето. Логото не го содржи државното знаме. Сонцето кое е употребено во логото е различно од сонцето од државното знаме. Користењето на државното знаме е јасно уредено со Закон!”, се вели во информацијата од Владата.
Владата реагираше откако јавноста забележа дека сонцето на логото кое е речиси идентично со сонцето од државното знаме има повеќе краци од знамето на државата.






