„Владата го одржува нагорниот тренд на Северна Македонија – оваа година бележиме скок од три места на листата за слобода на медиумите на ‘Репортери без граници’“.
Со ваква објава на Твитер се пофалија од „Булевар ‘Илинден’“ број 2 за скокот, како што велат, од 95. на 92. место меѓу 180 земји во светот според слободата на печатот (медиумите).
За споредба, од земјите во соседството Словенија е на 32. место, Босна и Херцеговина е 58., Хрватска 59., Грција 64., а послободни медиуми од македонските имаат и Косово (70.), и Албанија (84.).
Веднаш зад Македонија е Србија на 93. позиција, Црна Гора е 105., а Бугарија 111.





