Македонската влада се откажала од испраќање на амбасадор во странство откако македонските безбедносни институции утврдиле дека дипломатот имал соработка со тајна служба на соседна држава, дознава expres.mk од извори во МНР кои ги потврдуваат и други безбедносни експерти.
Откако ВМРО-ДПМНЕ предходно индиректно со месеци предупредуваше дека со испраќање на дипломатот за амбасадор ќе се направи огромна дипломатска и безбедносна грешка владата по извршени проверки решила несудениот амбасадор да остане дома.
Диоломатотот кој е близок на еден локален политичар и бизнисмен за време на свој предходен престој во земјата каде што требаше да замине бил компромитиран од тамошната тајна служба и претставувал закана за македонската внатрешна и дипломатска безбедност.
Доколку компромитираниот амбасадор заминеше на својата дестинација и имаше пристап до сите крипто-заштитени документи со ознака државна тајна соседната тајна служба можела да има пристап до сензитивни македонски материјали а преку неа и други ривалски држави на НАТО.
По направените проверки во една од македонските служби за безбедност било утврдено дека диломатотот не пријавил дека е под опасност да биде контролиран од странски служби за безбедност по што нема да може да замине на дестинацијата договорена со политички договор меѓу личност кој сака да ја преземе ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Заев.





