Министерството за здравство се откажа од идејата сите вработени во јавната администрација, но и во приватниот сектор да мора да се имунизираат.
Според министерот Венко Филипче не постои механизам како законски би се реализирало тоа.
Тој не ја исклучува можноста од воведување на задолжителна вакцинација, но вели дека ќе остави време да види дали апелите од матичните лекари ќе ги поттикнат невакцинираните.
Вчера пак, владата донесе одлука матичните лекари да се наградат со 30 денари по пациент ако 70 проценти од запишаните кај нив се вакцинирани.
Со ова се очекува дека токму матичните ќе ја подигнат свеста за вакцинација против Ковид-19 кај нивните пациенти.
Претходно беше одбиен предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжителна имунизација на јавниот и приватниот сектор.





