Просториите на Владата се чистат за свитата на Талат Џафери тврдат владини извори кои добиле најава за десетици нови станари на Илинденска со доаѓањето на новиот премиер.
Во тек се празнења на повеќе канцеларии кои треба да ги добијат соработниците на новиот технички премиер екс спикерот Талат Џафери кој од попладнево ќе биде нов шеф на владата.
Во владата веќе се зборува за десетици дури до 50 нови луѓе кои со себе може да ги донесе Џафери.
Меѓу тие што мораат да заминат се најблиските соработници на Димитар Ковачевски како на пример Мартин Попов кој сепак нема да замине од зградата.
Тој досега беше шеф на кабинетот на премиерот во оставка Димитар Ковачевски а сега е назначен за национален координатор и ќе ја добие старата канцеларијата на екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски која важи за една од најдобро опремените во владата.
Од денеска Попов веќе ја напуштил канцеларијата на шеф на кабинет на премиерот Ковачевски а слична судбина го зафатила уште дваесетина негови соработници.






