Владата распиша тендер вреден 30.000 евра за тоалетна хартија

Од Службата за општи и заеднички работи на Владата пред пет работни дена објавен е тендер, каде предмет на набавката е тоалетна хартија и хартиени бришачи.



Вредноста на оваа количина на набавката е предвидено да биде во вредност од 1.868.227 денари, односно над 30.000 евра.

Тендерот го добила фирмата „Минако”, која често се јавува како добитник на тендери од  државни институции, дознава Плусинфо