Призна ли власта корупција во агенцијата што дала пари за магариња и берберница?

Вицепремиерот Љупчо Николовски кој во владата е одговорен и за борба против корупција најави дека на наредната владина седница ќе бара оставка од директорката на Националната агенција за европско образование и мобилност Лидија Димова.



Барањето за оставка од владата најверојатно се базира на цврсти индиции на Николовски за направен криминал во агенцијата.

Со тоа Николовски, СДСМ и владата индиректно признаваат дека има сериозни наоди за корупција во институцијата што троши европските пари.

“Директорката Лидија Димова смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност”, напиша Николовски вечерва.

По смената на Димовска европските практики налагаат предметот да го преземат институциите за спроведување на законот односно Јавното обвинителство и МВР кои треба да ја истражат работата до крај и да ја санкционираат утврдените прекршувања на законите и трошење на државни пари.