По повеќемесечни апели од јавноста кои ги игнорираше владата донесла одлука хидроцентралите да се исклучат за да остане вода во реките и езерата.
Со одлуката на владата хидроцентралите ќе ги исклучат турбините за да остане вода во реките и езерата а недостатокот на електрична енергија ќе се надомести со купување од странство, објави денеска Телма.
Властите информираат дека ќе се набавува енергија неделно и во зависност од приликите а тоа нема да влијае врз сметките на граѓаните.
Иако индиции за тоа имаше уште во јули дури сега од Министерството за Екологија велат дека биодиверзитетот во езерата е доведен во прашање ако хидроцентралите продолжат со работа.
Министерот за екологија, Насер Нуредини, вели дека се одучиле и го поддржале овој чекор поради крајно неповолната состојба на хидро системите во Македонија и ризикот од трајна штета врз флората и фауната.
Директорот на РСМ Ковачевски уверува дека цената на струјата ќе остане иста до крајот на годинава а во декември ЕВН хоум ќе се објави тендер за наредната година но јавноста се уверува дека цената ќе остане иста.





