Владата призна дека Преспанскиот договор го урива македонскиот национален идентитет – пишува Горан Момироски

Во скандалозен допис до македонски организации во дијаспората македонската влада бара Македонците во странство да реагираат и да ги надминат катастрофалните последици на Преспанскиот договор по кој Македонците во многу случаи станаа Северномакенци а македонската нација Северномакедонска.



Истата влада која без согласност од граѓаните добиена на референдум го потпиша Преспанскиот договор и потоа насила го смени уставот сега преку Агенцијата за иселеништво бара Македонците во дијаспората кои никогаш не го поддржаа и прифатија договорот до Грција да ги елиминираат катастрофалните последици по македонскиот национален идентитет.

Дописот е скандалозен ако се знае дека досега не видовме сериозен напор на владата да се избори со погрешното именување на Македонците, јазикот, културата и други атрибути на нацијата од било која земја, медиум, поединец или организација.

Владата во дописот практично признава дека се почесто се гнаси македонскиот атрибут и се нарушува националниот идентитет на Македонците поради нејзиното потпишување на Преспанскиот договор.

,,Извесно време по потпишувањето на Преспанскиот договор, Македонските иселеници кои живеат и работат во странство се сведоци на несоодветна пракса на користење и толкување на термините и одредниците согласно Договорот од страна на странските медиуми и институции.

Се почесто се среќава употребата на: Северномакедонски јазик, Северномакедонска институција, Северномакедонец и т.н во официјални формулари, извештаи, статистики и други документи и изјави од клучни институции, кои се спротивни од Договорот и го нарушуваат националниот идентитет.

Како граѓани на странски држави, поголеми се можностите за увидување на наведените состојби и како организирани форми преку дејствувања, укажувања и реакции Ве молиме да земете активно учество во процесот на правилно користење и употреба на термините и одредниците согласно Преспанскиот Договор”, пишува во дописот од владините институции до дијаспората.

Кога дел од нас предупредуваа дека во договорот со Преспа има многу замки кои не се добро антиципирани и дека за нив нема одбрана не правеа предавници и терористи.

Кога велевме дека во некои јазици како го германскиот сигурно ќе станеме Северномакедонци заради лингвистичките специфики не следеа тајни агенти и водеа досиеја за нас.

Сега почитувани потписници, налогодавачи и поддржувачи на тие што потпишаа, откако ја ,,посравте работата” или решете ја или заминете некаде од каде нема да се вратите никогаш.

Вашето признание дека со вашите непромислени постапки се урива националниот идентитет на Македонците е последната шајка не во македонскиот туку во вашиот политички ковчег, затоа што вас ќе ве нема а Македонија и Македонците ќе опстојат.