Владата во која тој е министер а предходно беше вицепремиер потврди дека Бујар Османи злоупотребил службени средства на МНР за партиски потреби.
По Антикорупциската комисија и Владата јасно потврдува дека министерот Бујар Османи злоупотребил службени возила на МНР за изборни и партиски активности.
Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска за Алсат потврди дека по испитувањето на заклучоците на Антикорупциската комисија и тие констатирале повреда на Етичкиот кодекс од страна на министерот Бујар Османи.
Грковска вели дека Османи не може да биде казнет и се вади на состојбите во Собранието каде во моментов не може да се направат итни законски измени за да се спречи злоупотреба од функционерите.
Но, нагласува дека нејзиниот кабинет ќе се обиде да преземе мерки и во други форми за да се спречат вакви злоупотреби. Во меѓувреме, од Антикорупциската комисија велат дека нивните иницијативи, за жал државните институции потоа не ги процесираат.
Според кодексот за етичко однесување на владата Грковска која се правда со Собранието може да побара оставка или да и предложи на владата да го смени Османи за кршење на законите.
„За жал, неефективно е и постапувањето на самата комисија каде што јас сум член бидејќи тие сознанија што ги потврдуваме во управната постапка мора барем да се потврдат и некој да одговара. Но, кај нас за жал, имаме постојана политичка корупција, дали во вработувањата, дали во именувањата, дали во управувањето со многу области од јавниот сектор, политички диктат и за жал продолжува нереформирањето на системот во целина, особено неуспехот да се реформира системот во делот на управувањето со човечките ресурси, било во однос на вработувањето или во однос на назначувањето и разрешувањето на водечките органи“, рече предходно Нури Бајрами, Член на Антикорупциската комисија.
Бајрами смета дека системот дефинитивно мора да се реформира и приоритет да ѝ се даде на меритократијата, односно напредувањето и именувањето на функции според заслугите, а не според партиската припадност. Инаку, откако Комисијата за спречување на корупцијата утврди дека Бујар Османи злоупотребувал службени возила за партиски и изборни активности, во МНР немало никакви докази како се трошело горивото и како се користеле автомобилите.






