Владата прифати: Полициски час од четврток до понеделник во Скопје, Тетово, Штип…

Владата на седница одлучи да го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и да го врати полицискиот час Скопје и во други 9 општини.



Според одлуката, од утре во 21:00 часот, па сѐ до 05:00 часот во понеделник, движењето во Скопје,  Тетово, Куманово со Липково и Штип се забранува.

За другите градови, се предлага воведување на полициски час од 16:00 до 5:00 часот следниот ден.