Владата прифати: Нема славење од Св. Никола до Водици

Владата одлучи да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет рестриктивни мерки за периодот од 18-ти декември до 20-ти јануари со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во тековните празници, соопшти премиерот Зоран заев.



„Мерките се однесуваат за ограничување на работното време на угостителските објекти, за организирање предновогодишни и новогодишни прослави.

Владата донесе одлука угостителските објекти да работат до 18 часот. Да не дозволиме заради празнување да предизвикаме ескалација. Мерката носи име „Празнувај одговорно“, рече Заев.

Препорачуваме да нема домашни собири и да нема собири во викенд населбите. Забраната за групирање е на сила. Оваа зима е сериозен предизвик и мора сите заеднички да му помогнеме на здравствениот систем, а пред сѐ на нашите здравствени работници“, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.