Бехтел е најказнуваната американска компанија која има платено над 900 милиони долари во казни, поради поткуп на владини службеници за да ги добиваат договорите за градби.
Оваа информација ја објавува Гоце Филев кој своето тврдење дека Бехтел е најкриминална компанија во Америка, ја поткрепува со документ на американска онлајн алатка која открива какви прекршувања направила Бехтел.
Филев вели дека ја објавува информацијата за да се најде логика зошто владата на Македонија ја одбрала баш оваа компанија.
Илија Вучков, претседател на организацијата Euromacedonian KIC Emkice прави анализа на документот на кој се гледаат прекршувањата на Бехтел и причините казни што ги платила фирмата.
,,Машала, машала се изнаплаќала казни 🤔
– 900 мил.долари
за поткуп, поткупенни влади по светов.. +
– 190 мил.долари
за прекршувања при вработувања, +
– 100мил долари
за (не)безбедност при работа и изведба +
– 10,000долари
за загадување на животна средина
Или
Вкупно со попуст: 936 милиони долари за казни, т.е 35 прекршочни (penalties) платила Бехтел од 2000год до 2023та”, пишува Вучков.
Вучков смета дека договорот на владата со Бехтел ќе биде поништен затоа што владата не побарала потврда дека фирмата немала направени прекршувања на законот што вообичаено се бара кога сакате да работите со некое лице или компанија.
,,Не знам за чии “муда” зборуваше насадениот премиер таче, ама изгледа нема никој муда да им каже:
..дечко паѓа тендерот и договорот оти ти фали потврда една
а) изјава за неосудуван (дома кај тебе во САД) или било каде по светов..”, пишува Вучков.






