Владата не издржа во намерата да го забрани целосно движењето за време на првомајскиот викенд.
„На денешната седница на Влада донесовме одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.
На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден“, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.
„За лицата над 67-годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.
Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.
Предходно Коммисијата за борба против коронавириусот побара забраната за движење да трае од четврток навечер до понеделник наутро во 5 часот.





