За разлика од целата јавност на која и е јасно дека се работи за огромен скандал во кој инволвирани огромен број политичари и други луѓе, Владата проблемот со Рекет го сведува на однос меѓу двајца луѓе во кој немало рекетирање.
Специјалниот советник на премиерот Заев Марјан Забрчанец од неискуство или од друга причина падна на провокација и откри една опција како Владата сака да го затвори случајот.
Одговарајќи на прозивка на портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски, пропагандниот “мастермајнд” на Заев открива дека за владата нема Рекет туку само поткуп од Орце Камчев.
“Еве ги парите. И минимална плата ќе оди нагоре, па вие протестирајте против. А за парите од поткупот на Орце си има обвинителство”, пишува Забрчанец во одговор до Стоилковски.

Предходно Стоилковски на статус на Забрчанец кој се фали дека “парите се вратени кај граѓаните” прашува:
“.@Zabrcanec ова Боки парите кај граѓаните ги носи? Тоа сакаш да кажеш?
#PRNorthKorea #КадеСеПарите #Рекет #ДржавнаМафија”.

Пред три недели провладини креатори на јавно мислење преку медиуми и социјални мрежи се обидоа Рекет да го претстават како Поткуп но не успеаа.
Доколку Јавното обвинителство навистина случајот го трансформира во поткуп од Орце Камчев тогаш Јовески и Рускоска ќе имаат тешка задача да објаснат дека не се под директна контрола на Власта која нарачува обвиненија и дефинира кривични дела.




