Владата околу пладне требало да почне затворена седница на која ќе се разгледува францускиот предлог кој предизвика масовни протести во Скопје и други градови.
Според извори во власта владата планира предлогот да го поднесе до Собранието кое што треба да го усвои со цел Македонија да го почне технички прашања цесот на преговори кој ќе значи реални преговори дури откако ќе го смени уставот во кој Бугарите треба да бидат уставотворен народ.
Според владини извори на седницата не присуствуваат министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП Горан Милевски кој е против бугарските барања како и заменикот министер за локална самоуправа Зоран Димитровски од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.
Овие две партии заедно со ДОМ на Маја Морачанин се заканија дека ако нема промена на бугарските барања како предуслов за почеток на преговори нема да гласаат за францускиот предлог и дури и да ја напуштат владата.
На седницата се само владини претставници на СДСМ, ДУИ и Алтернатива.
Иако предходно министерот Османи најави можност владата сама да донесе одлука за прифаќање сега се очекува владата да го испрати таканаречениот француски предлог до Собранието каде ќе започне дебата за негово прифаќање.
Проценките на премиерот Ковачевски се дека доколку собранието а не владата донесе одлука на тој начин ќе има помала политичка штета врз него лично и рејтингот на СДСМ кој е во драматична пад во последниве триесетина дена од појавата на францускиот предлог.






