Владата го задолжи Министерството за финансии на буџетската сметка на Јавното обвинителство на Македонија да додели средства од 217.000 евра, заради исполнување на обврските по вонсудските спогодби за плати и други надоместоци. Ако во определениот рок не склучат вонсудските спогодби, за тоа да го известат Државниот правобранител на Македонија, заради преземање на соодветни правни средства и да го информира за висината на исплатените плати и на средствата уплатени по фондовите по основ на придонеси и даноци.
Според информацијата на сдк.мк доколку владината понуда биде прифатен а од вра оренире во СЈО со ове пари ќе се спречи одлевање на двојно повеќе пари.
“Стручните службеници, истражители и техничкиот кадар во СЈО останаа лани ова време на улица на сè уште незгаснатото СЈО. Одеа на работа без греење, телефони и интернет и си ги бараа платите што им следуваа по закон, а немаше кој да ги потпише, поради тоа што лани во септември тогашната специјална обвинителка Катица Јанева беше притворена, пишува СДК.мк.
Линк до целиот текст




