Владата нема да остане без барем една БЕСА!

Скопското крило на движењето БЕСА наскоро би можело да стане дел од владата на премиерот Зоран Заев, најави лидерот на „отцепената“ фракција, Африм Гаши.



„Ова се случува затоа што Македонја се движи успешно кон евроатланските структури, токму овој момент не прави оптимисти“, рекол Гаши како што пренесува 24 вести.

БЕСА на Билал Касами веќе ги прекина разговорите со премиерот Зоран Заев бидејќи според него, премиерот, како иницијатор за проширување на парламентарното мнозинство, покажал несериозен пристап.

„Бидејќи овој процес на преговори трае повеќе од четири месеци без конкретен епилог, проценуваме дека сите временски ограничувања се надминати и не сакаме Движењето БЕСА да остане заложник на техничките калкулации на парламентарното мнозинство“ велат во партијата во соопштение до јавноста и најавуваат дека ќе дејствуваат од опозиција.

За БЕСА на Касами, проширувањето на парламентарното мнозинство не значело само технички процес за обезбедување бројност во Собранието, туку процес кој ќе го подобри владеењето.