Владата нема да бара нова вонредна, ќе подготвува терен за избори!?

Согласно проценките, во моментов не постојат причини и потреби за продолжување на вонредната состојба, одговорија вчера од Владата го на прашањето на „Фокус“ дали ќе побараат ново продолжување на вонредната состојба која истекува во сабота, на 14 јуни.



Вицепремиерката Мила Царовска вчера изјави дека веднаш по завршувањето на вонредната состојба, мора да продолжат подготовките за одржување на изборите кои според законските и уставните рокови треба да бидат на 5 јули.

Вонредната состојба, истекува в сабота на 14 јуни, а од Владата зависи дали ќе побара продолжување на вонредната состојба, од што зависи и датумот за одржување на предвремените парламентарни избори.

Засега нема најава за одржување на лидерска средба на која политичките партии би се усогласиле за датумот за одржување на вонредните парламентарни избори.

Од почетокот на јуни, во Македонија се регистрирани вкупно 1.016 новозаболени лица, поточно една третина од вкупниот број на заболени регистрирани во целиот период од три и пол месеци од првиот регистриран случај.

Активни се 1.424 случаи, а починале 24 лица од Ковид-19.