„Сѐ уште официјално не сме известени дека за Косово е потребен ПЦР-тест“ соопшти денеска портпаролот на владата, Мухамед Хоџа.



„Немаме известување за ваква одлука од страна на Косово или од нашите власти. Ако има ваква одлука, нашата јавност ќе биде информирана.

Владата нема донесено ниту одлука за реципроцитет за државјаните на Косово“, информираше Хоџа на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.