Екс вицегувернерката на Народната Банка Маја Кадиевска Војновиќ открива дека енергетската криза ја чини Македонија фантастични 1,4 милијарди евра или над една петтина од буџетот за идната година.
Кадиевска Војновиќ анализира дека владата со своите политики можела но не успеала да го спречи девизниот одлив од државата.
Таа критикува што владата не успеала да ги зголеми домашното производство на струја.
– Енергетската криза ни одлеа скоро 1,4 милјарди евра од економијата т.е од приватниот сектор и државата во првите девет месеци од оваа година. За споредба, лани во истиот период енергетскиот дефицит бил само 570 мил.евра.
Немаме гас, немаме нафта, ама можевме да го стопираме големиот девизен одлив за електрична енергија. Ништо од 25% раст на домашното производство на електрична енергија за оваа година во споредба со лани (и тоа со 2021 година, година во која имаше историско најнисоко ниво на произведена електрична енергија од ЕСМ) – пишува Војновска Кадијевиќ.
Најчитани вести
Само што позаборавивме на гафот со згрешенето знаме со кое навредивме гостин
МДС открива нов гаф и елементарна дипломатска неписменост на Османи и неговиот тим во МНР






