Владата не објавува соопштение од седницата за МНАВ, премиерот веќе објави слика од ручекот кај поглаварот на МПЦ-ОА

Владата до 21 часот вечерва на својот портал не објавува соопштение од седницата на која се зборувало за смените и состојбите во МНАВ што денеска е тема од најголем интерес за јавноста.



Но затоа на владиниот портал може да се најде соопштение со слика од ручекот што денеска премиерот Ковачевски го имал кај поглаварот на МПЦ-ОА во чест на Свети Стефан.

На овој ручек втора година по ред не доаѓа спикерот на парламентот Талат Џафери.

Доцнењето на владиното соопштение може да се објасни со станот што се случи на владината седница кога прво беше избран еден директор кој ме ги исполнувал критериумите за потоа да се избере друг човек од ДУИ кој одеднаш стана директор на МНАВ.

Од владата засега нема информации дали ќе бидат избркани од работа членовите на ДУИ кои незаконски беа вработени во МНАВ иако претходно го напуштиле писменото тестирање затоа што не ги знаеле одговорите на прашањата од тестот.

Според реакцијата од ЕУ владата мора да преземе санкции кон тие што вработиле партиски луѓе од ДУИ надвор од процедурата и тие што избегале од тестирање а потоа сепак биле вработени.

Уште незалечени раните од извештајот на ЕУ вицепремиерот Маричиќ пред нова причина за оставка

Нова шлаканица од ЕУ за Маричиќ и владата, се бара истрага за кронизмот и насилството во МНАВ