Владата не негира тајни преговори кои носат опасност од урнисување на националната сигурност?
Цели 48 часа од објавата на информацијата од страна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николовски за преговори кои можат да ја нарушат националната безбедност владата молчи.
Своите информации за можниот скандал Николовски ги објави во понеделник вечерта во гостување на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа.
Одговарајќи на прашање за продажбата на хидросистемот Чебрен на грчка компанија со која се отуѓува енергетскиот капацитет на земја која во минатото не била пријателски настроена кон Македонија, Николовски постави јавно прашање до владата за преговори за дел од дистрибутивната мрежа на МЕПСО.
Владата засега не одговара на Николовски ниту ги демантира информациите што значи дека Николовски е во право.
Доколку овие преговори успеат тогаш Грција ќе има контрола на дистрибуцијата на македонскиот систем за електрична енергија и земјава ќе загуби еден од столбовите на националната безбедност што ме смее да се случи вели Николовски.
Овој дел од интервјуто со Николовски е при крајот на емисијата Заспиј ако можеш
Насловна фотографија: Посета на премиерот на МЕПСО, Октомври 2022 година
Поврзана вест
Дали владата води тајни преговори кои можат да ја загрозат националната безбедност?






