„Доколку некоја вест е лажна, во Македонија постои закон за навреда и клевета и лажно информирање кој е во сила и за што оценка дава надлежен орган – Суд. Владата нема ингеренции ниту смее да биде судија наместо Судот“ реагира Македонската асоцијации на новинари (МАН) која ја повика Владата да се откаже од намерата да оценува која вест е добра, вистинита, лажна или сомнителна, односно да воведува цензура во 21 век.
„Информациите ги произведуваат комерцијални медиуми (освен јавниот сервис) и тие имаат правна, економска и пазарна одговорност за своето работење.
Јавноста одбира кој ја има довербата, а кој не. Ја повикуваме Владата веднаш и без одложување да се откаже од својата намера таа да оценува која вест е добра, вистинита, лажна или сомнителна, односно да воведува цензура во 21 век кога секој граѓанин може да чита вести за Македонија било да е медиумот од Македонија или да се пишува и објавува од било кое друго место во светот“, се наведува во реакцијата на МАН.
„Доколку сака да сузбие лажни вести, владата може и треба да поработи во сопствениот двор“ се наведува меѓу другото во соопштението.




