Фантастични 6 лајка добил твитот на владиниот профил на Твитер за настан во кој учестуваат стотина луѓе.
Главен актер во оваа пропаганда е најмоќниот човек во државата Оливер Спасовски кој како министер за полиција организирал настан од типот ,,да се организира било што за сликање”.
Дури и тие што се присутни на настанот не ставиле допаѓање со што излегува дека целата влада со екипата на Спасовски за својата објава добиле 6 лајка за 9 часа или 0,66 лајкови на час.
Предходно беше објавено дека само премиерот Ковачевски за сто дена платил фантастични 26 илјади евра за своите пропагандни активности на социјалните мрежи.

Министерот @o_spasovski ja промовираше кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“: Градиме партнерство на доверба меѓу полицијата и заедницата за зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење.
🔗 https://t.co/GREYnqaV2A pic.twitter.com/ZG1AsAM4W5
— Влада на Република Северна Македонија (@VladaMK) March 25, 2023






