Македонската влада и премиерот Заев влегоа во вербална пресметка со владата во Софија и премиерот Борисов кој според неговиот колега во Скопје до само пред еден месец беше “брат”.
Според најновите позиции на македонската влада и премиерот Заев, бугарските пријатели и “братот” Борисов сега се неодговорни политичари кои прават грешка од геостратегиско значење.
Непријателската порака од Скопје во Софија сигурно ќе биде доживеана како навреда особено од премиерот Борисов кој десетина години е на власт и досега играше сериозни геостратегиските игри во кои се вклучени ЕУ, САД, Турција, Израел, Хезболах, Грција и Русија.
“Ветото на Бугарија е неодговорна геостратешка грешка-македонската иднина е европска.
Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани, македонскиот национален идентитет не беше, не е и невозможно е да биде предмет на преговори”, пишува владата откако прифати Делчев да биде бугарски херој, се откажа од Македонците во Бугарија, и се согласи или прифати да разговара за неколку бугарски позиции (како на пример македонска историја) кои директно задираат во македонскиот идентитет.
На реакцијата на владата дојде и забелешка дека е срамно да збори со јазикот на национализмот откако предходно го критикуваше патриотизмот:
“Како бре не ве срам да притискате на националистички клавиши, а цела кариера кумуњарска ја изградивте дека сте против тоа, дека то е ретроградно, заостанато.
Сеа овој став шо ве праи вас?
Или глуп е народот, ќе голтне шо и да му пуштиме?” се вели во реакцијата.
Твитот и коментарите:
Ветото на Бугарија е неодговорна геостратешка грешка-македонската иднина е европска.
Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани, македонскиот национален идентитет не беше, не е и невозможно е да биде предмет на преговори.
— Влада на Р. Северна Македонија (@VladaMK) December 8, 2020





