Цел ден откако вчера Телма ја обвини владата дека мести тендери нема демант или реакција од владата.
Во одговор на нападите од Ковачевски Телма објави дека премиерот меѓу редови ја посочува Телма без да ја спомене по име исто како што објавува тендери со сите детали без да се спомене конкретно фирмата која што треба да ги добие владините пари.
Влада и премиер кои немаат ,,мува на капата” за тендери, логично ќе ги негираа обвинувањата од Телма но владата молчи за тоа што го објави Телевизијата.
Дали владата знае дека Телма знае нешто за владата и се плаши да демантира е прашање кое не може долго време да остане тајна.
Што напиша вчера Телма за владата на Ковачевски
Телма возврати на нападот од Ковачевски и Ахмети: Прозвани како во владин наместен тендер







