Владата не дава пари за тешко болни а вработува 137 членови на СДСМ, ДУИ, ЛДП, НСДП, ДС и Алтернатива

Владата во само еден ден вработува нови 137 административци, а нема пари за студентски оброк и за лек за цистична фиброза.



Оваа информација денеска ја објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски според кого ова е показател за расипништвото и целосна забеганост. Во само еден ден нови 137 административци, а нема пари за студентски оброк и не дава за лек за цистична фиброза, вели Стоилковски.

,,Срамно!

Ова е начинот на којшто се справува со кризите. Ова е примерот за политиката “намалување на обемната администрација” за што се фалеа. Полнење на администрацијата со партиска војска, во услови на криза во само еден ден 137 државни службеници.

За буџетска плата и придонеси.

Овие вработувања се дополнителен товар на земјоделците, дополнителен товар на работниците дополнителен товар на сите коишто се во реалниот сектор. Нема пари за студентите, нема пари за земјоделците, нема пати за лекови за пациенти кои протестираат пред здравство, ама има пари за партиската војска на СДС и ДУИ.

Од овие огласи за државни службеници 100 во министерство за финансии, 22 во Собрание, 9 во министерството за труд и социјална политика, двајца во фонд за пензиско, и четворица директно во кабинетот на Димитар Ковачевски во владата.

Овој се огласи за 137 места со просечна плата од 30.000 денари за плата и придонеси. Тоа се речиси еден милион евра следната година за плати и придонеси за партиските вработувања на СДС и ДУИ сега, во очи на нова година.

Ете за што им требаше најголем буџет, ете за што билдаат даноци, ете за што не се откажуваат од акцизи.

Ова е срамно и понижувачки! Само избори се спас од оваа забеганост”, вели Стоилковски на прес конференција.