Откако за неа расправаше на седница Владата ќе потроши десетици илјади евра на размонтирање на оградата околу владината зграда на Илинденска.
Екипи на засега непозната компанија утринава започнале да ја уриваат оградата вредна 700 илјади евра и тоа само челичниот дел.
Предходно беше најавено дека бетонските столбови на кои се држи металот ќе останат затоа што биле длабоко вкопани во земјата и не можат лесно и ефтино да се извадат.
Владата е на граѓаните. Отворена и достапна. Го ослободуваме јавниот простор околу, ја правиме уште повеќе отворена и достапна. pic.twitter.com/14R5I0ZnbT
— Влада на Р. Северна Македонија (@VladaMK) February 7, 2019





