Владата и пред се координаторот за транспорт Артан Груби направиле финансиско самоубиство со работната недела за Бехтел и Енка, покажува првичната анализа на договорот со американско турската компанија.
Според досие до кое expres.mk има пристап владата со договорот за Коридор 8 се обврзала во рок од 45 дена по потпишување на договорот да ја зголеми работата недела од сегашните 40 на 60 часа неделно.
Според анализата на договорот ако СДСМ и ДУИ не успеат да го сменат законот рокот за градење ќе биде продолжен од 6 месеци по што дополнително ќе се плаќаат огромни финансиски пенали од три вида.
Едните пенали се во висина од 53 милиони евра и тие треба да се платат еднократно.
Вторите пенали се месечни и тие се движат до 4 185 000 милиони евра.
Третиот вид на пенали се по околу 900 илјади евра месечно или над 10 милиони евра годишно.
Овие анализи се неофицијални и се правени врз основа на првичните информации за делови од договорот кои се достапни.

Владата досега не организираше презентација на договорот со Бехтел и Енка ниту брифинг за новинарите за да им ги објасни сите детали од контроверзниот договор.





