Британската влада, предводена од Тереза Меј, го преживеа гласањето за доверба, иницирано од Лабуристичката партија на Џереми Корбин, откако парламентот вчера го отфрли договорот на премиерката за Брегзит.
Гласањето за недоверба беше поразено со 19 гласови – владата доби поддршка од 325 наспроти 306 кои беа против.
Тоа, оценуваат медиуми, е важен успех на кабинетот на Меј, по понижувачкиот пораз.
На потег се опозициските Лабуристи кои треба да одлучат што понатаму – доколку не можат да изнудат избори, сите опции ќе бидат ставени на маса, вклучувајќи и барање за втор референдум.




