Владата на Србија ја ограничи цената на горивата

Владата на Србија усвои Уредба за ограничување на висината на цените на нафтените деривати, со која е пропишано максималната малопродажна цена на евродизелот да изнесува 179 динари (околу 1,5 евро) за литар, а на бензинот од 95 октани 171 динар (1,46 евра).



Во владиното соопштение се наведува дека мерката е преземена заради спречување на поголемо нарушување и за зачувување на животниот стандард на населението, со оглед на тоа дека во претходниот период е забележан раст на цената на овие деривати што директно влијаел врз зголемувањето на цените на сите други стоки и услуги.