Владата на СДСМ и ДУИ ја добива најцрната оценка од ЕУ во историјата на годишните извештаи

Скоро и да не постои објаст во која според извештајот на ЕК не е детектирана стагнација или уназадување, а прогрес е детектиран во многу малку сегменти, пишува Радио Лидер кој цитира делови од годишниот извештај на ЕУ за Македонија.



Ваквиот извештај на ЕК, претставува вистински потрес за власта, која секојдневно не убедува дека работи на некаква европска агенда.

Злооупотребата на „европското знаменце“, корупцијата на власта, организираниот криминал и немањето на реформи во правосудниот систем – се загрижувачките елементи кои се провлекуваат во најголемиот дел од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Уште на првиоте страници од извештајот, власта доби шлаканици за несоодветното користење на европското знаменце.

-Недоволното планирање е проблем, и поради тоа има претерана злоупотреба на брзите постапки (н.з. за гласање на закони во собранието), вклучувајчи и неадекватна употреба на „Европското знаменце“. – стои во извештајот на ЕК за Македонија.

Во извештајот, од Европската Комисија на нашата влада експлицитно и укажуваат како треба да го користи „Европското знаменце“.

-„Европското знаменце“ треба да се користи кога се гласаат закони кои за главна цел имаат усогласување со европската регулатива, а не за да се заобиколи јавната дебата за важни прашања. – стои во извештајот.

Целата информација на Лидер