Французи до 25 годишнма возраст од денеска ќе можат да земаат бесплатни кондоми во сите аптеки низ земјата.



Владата на претседателот Емануел Макрон смета дека тоа е превентивна мерка за спречување на несакана бременост и сексуално преносливи болести, јавува ДПА.

Макрон го претстави планот на почетокот на декември и првично беше наменет за млади од 18 до 25 години, но по критиките тој беше проширен и на малолетници.

Мерката за бесплатна контрацепција, вклучувајќи апчиња и спирали, за жени до 25 години е на сила веќе една година, а претходно право на бесплатни апчиња за контрацепција имаа девојчињата до 18 години.

Со иницијативата за кондоми, Макрон има за цел да го реши проблемот со сексуалното здравје кај младите.

Во врска со сексуалното образование, Макрон рече дека Франција не се изразила и дека „реалноста е многу, многу далеку од теоријата“.