Со 153 гласа „за“, Владата на Ципрас вечерва доби доверба од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
Ова беше петто гласање за доверба за ваата на актуелниот грчки премиер по неговото доаќање на власт во 2015., а мандатот му истекува есенва.
Од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, гласаа 289, од кои 136 беа против.
Изгласаната доверба е значајна за Ципрас во пресрет на одржувањето на европските избори и во услови кога опозициската Нова демократија има предност од над 7 проценти во однос на владејачката Сириза на премиерот.





