Премиерот Заев си даде оставка од челното место во телото кое ја координираше реформата на правосудниот систем но не откри зошто тоа го сторил по средбата со Меркел и Макрон во Берлин.
Високи функционери во МНР и владата кои инсистираат на анонимност велат дека Заев бил принуден да си даде оставка откако францускиот претседател Макрон во Берлин му дал директна забелешка за негова лична одговорноат во катастрофалната состојба во правосудството.
Изворите тврдат дека оваа забелешка од Париз доаѓала и предходно но дека Заев и неговите соработници не сакале да веруваат дека по Преспанскиот договор Франција ќе прави проблеми на оваа тема.
Катастрофалната состојба во правосудството е главната причина поради која Македонија нема да добие датум за преговори во јуни, е главната позиција која сега по средбата во Берлин ја делат и другите членки на ЕУ.
Ова е последниот жолт картон за Заев кој се надева дека со Преспанскиот договор може да ги покрие системските слабости на неговата влада за која се повеќе станува јасно дека нема капацитет за реформи, велат дипломати кои сметаат дека поддршката за Заев од ЕУ ќе слабее се повеќе.
Ако најдоцна до почетокот на септември не дојде до значителни реформи во правосудатвото датум нема да има ни во октомври а постои и сериозна опасност без департизација на судството и сериозни резултати во битката против корупцијата и тоа за случаи од највисоките ешалони на власта датумот да не дојде и догодина.
Членките на ЕУ особено Франција, Холандија и Данска не сакаат со Македонија да ја повторат грешката со Романија и Бугарија кои во ЕУ влегоа со нереформирано правосудство и создадоа големи проблеми по влезот во унијата.




